ДЕТСКИ ПАРЛАМЕНТ


За ученици од основно образование, Парламентарниот институт организира интерактивни работилници насловени Детски парламент. Детскиот парламент претставува проактивен пристап на законодавната власт, кој им овозможува на учесниците, преку симулација на законодавна постапка, да развиваат аргументи со кои се поддржува или побива предложено законско решение, а на крајот и да гласаат по истото. Дополнително, учениците одржуваат средба со пратеници во Собранието, а имаат и можност да ја искажат својата креативност со презентација на паноа, на кои низ мисла, стих или цртеж, се испраќа порака до пратениците. Едукативната активност се спроведува како работилница во времетраење од пет и пол часови. Во текот на работилницата, преку интерактивни сесии и практични вежби, учениците, освен што ги утврдуваат или прошируваат своите знаења за демократијата, работата на Собранието, правата и должностите на пратениците, имаат можност и да се стекнат со вештини за дебатирање и презентирање на сопствените аргументи. Како дел од работилницата, учесниците имаат можност низ организирана обиколка да ги разгледаат најрепрезентативните простории од зградата на Собранието, како важно обележје на македонската државност. Оваа едукативна активност се препорачува за ученици од IX одделение кои ги изучуваат содржините поврзани со управувањето со општеството и власта во Република Северна Македонија по наставниот предмет „Граѓанско општество“.

Повеќе информации на нашиот Facebook профил.

  • Идни настани
  • Детски парламент
    Датум: 18.11.2022
    Место: Едукативен центар на Парламентрен институт


Искажете заинтересираност


Податоци за учесникот

Учесник

Настан