ЕДУКАТИВЕН СЕМИНАР ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ


За ученици од средно образование, Парламентарниот институт организира едукативни семинари на тема „Демократијата и Собранието“. За време на едукативниот семинар, преку содржини прилагодени за нивната возраст, учесниците ги утврдуваат и прошируваат своите знаења за парламентарната демократија и нејзиниот историски развој во Македонија, принципот на поделба на власта, местото и улогата на Собранието во политичкиот систем на државата, изборот на народните претставници, како и постапката на донесување закони во Собранието. Пристапот на обучувачите е комбинација на теоретски предавања, практични вежби, игри и видео проекции. Низ семинарот преовладува интерактивниот пристап, што претпоставува вклученост на учесниците низ поставување прашања и дискусии и размена на искуства. Како дел од семинарот, учесниците имаат можност низ организирана обиколка да ги разгледаат најрепрезентативните простории од зградата на Собранието, како важно обележје на македонската државност. Овие семинари се наменети за ученици од средните училишта, кои во рамки на наставните предмети изучуваат содржини поврзани со управувањето со општеството и власта во Република Северна Македонија.

Повеќе информации на нашиот Facebook профил.

  • Идни настани