ЕДНОДНЕВЕН ИНТЕРАКТИВЕН СЕМИНАР ЗА СТУДЕНТИ


За студенти, Парламентарниот институт организира еднодневни интерактивни семинари. Целта на овие семинари е запознавање на студентите со правните правила по кои се одвива парламентарниот живот и работата на пратениците во Собранието, како и овозможување на младите луѓе да се стекнат со знаења од областа на парламентарното право и нивна подготовка за примена на ова знаење во практиката. Семинарот се спроведува во вид на работилница во времетраење од шест часа. Пристапот на обучувачите е комбинација на презентација, фасилитација (олеснување/помагање) и фидбек (повратна информација). Низ семинарот преовладува интерактивниот пристап, што претпоставува вклученост и на учесниците низ поставување прашања и дискусии и размена на искуства. Како дел од активноста, учесниците имаат можност и низ организирана обиколка да ги разгледаат најрепрезентативните простории од зградата на Собранието, како важно обележје на македонската државност. Семинарите се наменети за студенти од прв и втор циклус на студии од акредитираните универзитети од Република Северна Македонија, а се препорачуваат за оние студенти кои во склоп на својата наставна програма изучуваат барем еден од наведените предмети: Парламентарно право, Уставно право, Конституционализам, Политички систем, Организација на власта и слично.

Повеќе информации на нашиот Facebook профил.

  • Идни настани
  • ЕДНОДНЕВЕН ИНТЕРАКТИВЕН СЕМИНАР ЗА СТУДЕНТИ
    Датум: 16.12.2022
    Место: едукативен центар


Искажете заинтересираност


Податоци за учесникот

Учесник

Настан